Полицајка во Гњилане ги уби родителите и два брата, па се самоуби

од Aleksandar Petrovski

Косовското обвинителство го потврди инцидентот што се случи денеска околу пладне во градот Гњилане, во источно Косово и информира дека станува збор за четирикратно убиство и самоубиство.

Според соопштението на обвинителството, трагичниот настан се случил во населбата „Бујанина” во Гњилане, каде што припадничка на Полицијата на Косово убила четири члена на своето семејство, а потоа се самоубила.

– Според првичните информации, постојат сомнежи дека (…) В.Б., полициска службеничка во рамките на Полициската станица Гњилане, со огено оружје ги лиши од живот своите двајца родители и двата брата, а потоа изврши самоубиство. На местото на настанот веднаш излегоа полицијата, обвинител и лекарски тим, кои ја констатираа нивната смрт, а по налог на обвинител телата на загинатите се предадени за обдукција во Институтот за судска медицина во Приштина, се вели во официјалното соопштение упатено до медиумите.

Слични содржини