Полицајката која го уби младиот Афроамериканец во Америка поднесе оставка

од Stefanija Kuzmanovska

Ким Потер, полицајка која го уби 20-годишниот Даунт Рајт при пукање во Минеаполис, даде отказ на своето работно место.

Според „Мирор“, пиштолот на полицајката „случајно испукал“ откако полициска патрола го запрела 20-годишникот за сообраќаен прекршок. Кога го запреле, откриле дека за него е распишана потерница. Полицијата се обидела да го уапси, но тој успеал да се врати во автомобилот, по што полицајката започнала да пука.

Полициското видео што се појави на социјалните мрежи јасно покажува како полицаецот се обидува да стави лисици на момчето кое набрзо се ослободи од нив. На тоа полицајката извикува „електрошокер“, но наместо тоа го извадила своето оружје и пукала во младиот човек.

– По ѓаволите, го застрелав – се слушна откако пиштолот „случајно испукал“.

Потоа Рајт се оддалечил неколку блока подалеку и удрил во друго возило. Тој починал на местото на настанот.

Семејството и пријателите на Рајт го опишаа како несебичен татко кој направил неколку работи за да го нахрани својот 2-годишен син. Семејството верува дека неговото убиство не било случајно и бара некој да одговара.

– Моето срце е скршено на илјада парчиња. Ми недостасува, а помина само еден ден. Тој беше мојот живот, мојот син и никогаш повеќе нема да го имам – рече мајката на убиеното момче.

Слични содржини