Полицајци брутално тепаат човек на улица, внатрешната контрола во МВР работи на расчистување на случајот (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

На Фејсбук осамна видео во кое се гледа како полициски службеници брутално претепуваат човек на улица од рамска националност.

Веднаш со реакција се јави одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што јавноста ќе биде соодветно информирана.

Ова се наведува во денешното соопштение од МВР во врска со видео материјалот што денеска беше објавен на социјалните мрежи, а на кое, како што стои, се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници.

Слични содржини