Полицајци обвинети за клекнување на врат на црна жена во Бразил

од Aleksandar Petrovski

Ќе биде поднесена постапка против двајца воени полицајци од бразилскиот град Сао Паоло, откако се објави видео на телевизија во кое едниот од нив стои на вратот на Афроамериканка.

Видеото ја прикажува средовечната сопственичка на мал бар, а потоа одвлечена по тротоарот со лисици на рацете.

Инцидентот се случил во мај, а сè е снимено од сведок на настанот, јавува Би-Би-Си.

Гувернерот на државата Сао Паоло, Жоао Дорија, рече дека ваквите злоупотреби нема да бидат толерирани и дека двајцата полицајци, чии имиња не ги наведува, биле отпуштени.

Тој додаде дека 2.000 полицајци во таа држава отсега ќе носат камери како дел од опремата.

Снимките од инцидентот предизвикаа бес во Бразил, особено затоа што потсети на смртта на Џорџ Флојд за време на полициското апсење во САД, кога бел полицаец клечеше на неговиот врат скоро девет минути.

Слични содржини