Полицајци претепаа момче поради кршење на мерките во Мостар, пренесен во болница (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во Мостар, двајца полицајци минатиот викенд претепаа младо момче, кое навело дека дека само ги прекршило пропишаните епидемиолошки мерки.

Момчето, заедно со снимката од настанот, напишал дека полицијата го однела во станица откако го претепала пред влезот во зградата во која живее, по што го ослободиле со прекршочна пријава за кршење на полицискиот час, пренесува порталот Pogled.ba.

Како што се наведува, на момчето му се слошило во текот на ноќта и бил примен во болница, каде му биле констатирани повреди.

Министерството за внатрешни работи на кантонот Херцеговина-Неретва не даде коментар за тој настан.

Слични содржини