Полиција: Овој сообраќаен знак нема никаква врска со „Squid Game“

од Vladimir Zorba

Серијата „Squid Game“ на Нетфликс ја полуде публиката ширум светот, а симболите на картичката се добро познати скоро на сите.

Меѓутоа, на еден автопат во Англија, односно сообраќаен знак, се појавија истите симболи, кои ги заинтригираа возачите толку многу што локалните сили за спроведување на законот мораа да се вклучат во целата приказна.

Имено, британската полиција објави твит на 12 октомври, во кој објаснува дека сообраќајниот знак забележан на автопатот не ги насочува возачите до местото на смртоносните детски игри од серијата.

„Можеме да потврдиме дека следењето на знаците нема да ве одведе до популарната серија „Squid Game“. Ова се само инструкции за алтернативни правци за време на работите на патиштата“, рече полицијата.

Слични содржини