Полиција растури собир на граѓани во простории на месна заедница

од Берта Китинска

По пријава, кумановската полиција, затекнала група граѓани кои се собрале во објект на месна заедница во кумановска населба и не ги почитувале здравствените прописи за време на епидемија, соопштија денеска од СВР Куманово.

Настанот се случил вчера, во попладневните часови во бараката на месната заедница во населбата „Железничка станица”.

– Вчера година во 18.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во бараката на месната заедница во населбата. Железничка Станица во Куманово има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија. Полициски службеници излегле на местото и во бараката биле затекнати шест лица со што било утврдено дека се работи за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”- соопштија од СВР Куманово.

Слични содржини