Полицијата „дежурна“ пред Мериот и семејната куќа на Мијалков на Водно (ВИДЕО)

Полициски возила и утринава се присутни на двете најчести локации каде може да се најде, обвинетиот Сашо Мијалков.

Имено, полицијата е присутна утринава пред хотелот Мериот, во чие кафуле, односно „Дистрикт“ и последен пат бил виден, како и пред неговата семејна куќа на Водно.

Како што е познато, вчера попладне нему му беше изречен куќен притвор и оттогаш му се губи трагата.

 

Слични содржини