Полицијата го пронашла куршумот со кој Болдвин случајно ја убил снимателката

од Берта Китинска

Шерифот на округот Санта Фе во средата изјави дека властите пронашле оловен куршум испукан од оружје што го користел актерот Алек Болдвин за време на минатонеделното снимање на филмот во кој беше убиена снимателка.

Мендоза и окружниот обвинител Мери Кармак-Алтвис одржаа прес-конференција шест дена откако Болдвин случајно ја застрела и ја уби снимателката Халина Хачинс за време на пробата за снимањето на филмот „Rust“ во Ново Мексико.

Несреќата се случила додека Болдвин вежбал сцена со вперување пиштол кон камерата. Актерот верувал дека во него нема вистинска муниција.

Против никого од сетот досега не е покренато обвинение. Мендоза рече дека е премногу рано да се зборува за тоа, но дека постои таква можност. На сетот се пронајдени повеќе куршуми, додаде тој.

Властите во петокот објавија дека помошникот директор Дејв Холс рекол дека оружјето било „ладно“, односно дека во него немало вистинска муниција. Хачинс беше погодена во градите, а режисерот Џоел Соуза, кој стоеше зад неа, во рамото.

Снимателката била префрлена во болница каде била констатирана смрт, а Соуза по лекувањето бил пуштен од болница.

Слични содржини