Полицијата казни 122 возачи во Сарај

од Aleksandar Petrovski

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на општина Сарај изречени се вкупно 122 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 20 лица, 37 технички неисправни и нерегистрирани возила… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се вели во соопштението на МВР.

Слични содржини