Полицијата казни 393 возачи во Скопје, од кои 164 за пребрзо возење

од Aleksandar Petrovski

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 393 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 27 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 164 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 22, 16 санкционирани мотоциклисти, 92 мерки за непрописно паркирани возила и 85 возила подигнати со пајак (вкупно 177), а изречени се и 37 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

loading...

Слични содржини