Полицијата казни 513 возачи во Скопје, 148 за пречекорена брзина, 82 мотоциклисти

од Aleksandar Petrovski

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилени акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје се изречени вкупно 513 санкции.

Санкционирани се 35 лица за возење без возачка дозвола, за пречекорување на дозволената брзина на движење се 148 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 39, додека 82 санкции се за мотоциклисти, а се одземени четири мотори.

Од МВР денеска информираа дека изречени се 75 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила подигнати со пајак (вкупно 147), а изречени се и 104 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли, потенцираат, продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираате до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Слични содржини