Полицијата од Свети Николе постапуваат по поплаките на Атиџе Муратова

од Берта Китинска

Полициски службеници од Свети Николе во моментов постапуваат по телефонската дојава од 56-годишната Атиџе Муратова, главната хероина на документарниот филм „Медена Земја“, која реагирала дека соседот ја вознемирува и се заканува.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека откако полициските службеници ќе ја утврдат фактичката состојба меѓу 56-годишната Атиџе Муратова и нејзиниот сосед јавноста ќе биде информирана. Инаку Панајотова вели дека во Полициската станица во Свети Николе е евидентирана поплака од 56-годишната Муратова и на 7 јуни.

– На 7 јуни во Полициската станица во Свети Николе во 10.20 часот од страна на 56-годишната А. М од селото Бекирлија Општина Лозово, било пријавено дека од страна на 50-годишниот Х. С била вознимирувана, од страна на полициски службеници веднаш е постапено и во 11.30 часот во селото Дорфуилија, Општина Лозово Х. С бил писмено предупреден според прописите, вели Панајотова.

Слични содржини