Полицијата пред влезот на „Skopje City Mall“ реализираше превентивна акција (ФОТО)

од Берта Китинска

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во соработка со Skopje City Mall пред влезот на овој трговски објект реализираше превентивна акција во рамки на кампањата за заштита од вирусот “Ковид 19“.


-Целта на кампањата е да се потсетат граѓаните за почитување на пропишаните протоколи од Комисијата за заразни болести, особено носењето заштитна маски, а во контекст на започнување со работа на трговските центри и обложувалниците.Со оваа проектна активност Одделението за превенција планира да ги опфати сите трговски центри на подрачје на Град Скопје, спортските обложувалници, а граѓаните ќе се информираат за потребата од придржување согласно протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата и да користат соодветна заштита опрема во насока на заштита на сопственото здравје, информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Слични содржини