Полицијата приведе 80-годишник, во неговиот дом најден хероин и муниција

од Берта Китинска

Хероин и муниција биле најдени кај 80-годишно лице во Тетово при претрес на неговиот дом.

-Вчера околу 12 часот и 30 минути, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово лишен од слобода е С.Б.(80) од Тетово. При негов преглед пронајден му е хероин, а нешто подоцна при претрес на семејниот дом, пронајдени му се вкупно 197 куршуми со различен калибар. За поголемиот број од куршумите тој не поседувал дозвола. По целосно документирање на случајот на С.Б., кој е задржан во Полициската станица Тетово, ќе му биде изготвен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“ согласно член 215 од Кривичниот законик и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, казниво по член 396 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово за МИА.

Слични содржини