Полицијата приведе 9 провокатори по протестот, најдени пиротехнички средства и фантомки

од desk2

Провокатори дошле опремени со фантомки, заштитни маски со филтер, петарди на вчерашните протести пред Собранието. Ноќеска полицијата извршила претреси и на неколку локации во центарот на Скопје, ги пронашла предметите кај девет лица кои завршиле во станица. Овие детали денеска излегоа во полицискиот билтен.

 

Додека граѓаните ги следеа пораките од видео врска, неколкумина маскирани протрчаа во гужвата и со пиротехничка опрема се обидоа да го провоцираат полицискиот кордон, а за неколку минути се повлекоа. Протестот одблизу синоќа го набљудуваше и првиот човек на БЈБ, Лазо Велковски, во друштво на огромно полициско обезбедување.

Според полицискиот билтен, МВР работи и на случајот со фрлената боја врз штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Настанот во полиција бил пријавен околу 23 часот. Разни теории за испланирани сценарија се нижат од сите страни, за целите на бојосувањето со црвена боја.

Партијата на Јанко Бачев тврди дека опозицијата сама го смислила ова сценарио. Од партијата на Христијан Мицкоски одговорноста ја лоцирааат во власта. Од СДСМ пак, го осудија и се оградија од нападот врз партиското седиште на опозицијата.

„Според нашите непотврдени информации на вчерашниот инцидент му претходела една средба пред неколку дена во едно познато скопско кафуле на која присуствувал еден градоначалник од СДСМ, еден многу близок вработен во кабинетот на друг градоначалник и неколкумина лица со дебело полициско досие“ – изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев не открива дали во моментот кога се фрлала бојата функционирал видео надзорот и дали во партијата ги прегледале снимките. Чекаат МВР да го расветли случајот./24 Vesti

Слични содржини