Полицијата приведе две лица за издржување затворска казна

од Берта Китинска

Тетовската полиција во еден часот попладнево го привела 32-годишниот Н.Д. од село Горјане за издржување казна затвор од две години и шест месеци во тетовскиот затвор поради нанесување тешки повреди, опасни по живот.

Второто апсење се случило во 11 часот претпладне, кога прилепската полиција го привела М.К. кој се барал со потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци поради измама.

По апсењето лицето било спроведено во прилепскиот затвор.

Слични содржини