Полицијата приведе над 250 жени на протестите во Минск (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Повеќе од 250 жени беа брутално приведени денес на протестите во Минск, вклучувајќи ја и познатата опозициска активистка Нина Бахинскаја.

Полицијата го блокираше патот и започна со апсење на насобраните, претежно жени кои сега традиционално се собираат во сабота да протестираат против Лукашенко и за поддршка на опозициските лидери Марија Колесникова, Светлана Тихановскаја и Валерија Цепкало.

Приведени се над 250 жени, меѓу кои и 73-годишната Бахинскаја, која стана еден од симболите на демонстрациите на 9 август.

За време на демонстрациите беше уапсено и 16-годишно девојче, кое учествуваше на „Маршот на жените“.

Она што е интересно е дека од мирниот протест до бруталното апсење поминаа само 30 минути, што ја покажува временската рамка помеѓу двете направени фотографии.

Патем, денешните демонстрации се увертира за утрешниот Глобален ден на солидарност со Белорусија.

Вчера Тихановскаја ги покани сите граѓани и странци кои ја поддржуваат Белорусија заедно да го одбележат овој ден во Минск и другите градови низ целата земја.

Да потсетиме, Советот за човекови права на Обединетите нации вчера, по жива расправа во Женева, донесе резолуција со која се повикува на брза и поголема контрола на наводните повреди на човековите права во Белорусија.

Министерството за надворешни работи на Белорусија ја оцени резолуцијата како „опасен преседан“ и го обвини Советот за мешање во внатрешните работи на Белорусија.

Слични содржини