Полицијата пукала во новинарка во Минск (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Илјадници демонстранти се уште се на улиците на Минск денес, откако вчера завршија претседателските избори, во кои, според првичните податоци на Државната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победил по шести пат. Полициските вооружени сили се пресметуваат со демонстрантите на брутален начин, но и со новинарите.

Имено, на социјалната мрежа Твитер беше објавено видео, во кое се гледа моментот кога полицијата ја застрелала новинарката на „Наше Нива“ во коленото.

Исто така, во споменатиот твит, се наведува дека војниците им викаат на новинарите „ќе те убијам“.

Погледнете го видеото:

Колегите дошле на помош на повредената новинарка.

Според странските медиуми, Минск е целосно блокиран.

Потсетуваме кога државната телевизија синоќа ја објави убедливата победа на Лукашенко, граѓаните излегоа на улиците на неколку белоруски градови.

Десетици граѓани се повредени по бруталната интервенција на полицијата, илјадници беа уапсени, а демонстрациите продолжуваат и денес.

Слични содржини