Полицијата растури свадба во Тетово

од Берта Китинска

Вчера во перидот од 18.00 до 20.45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на ул.„Видое Смилевски Бато“. Притоа, во објектот биле затекнати околу 80 гости.

-Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а менаџерот Д.С.(38) од с.Мала Речица, тетовско, бил лишен од слобода и проиведeн во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниoт законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопштија од МВР.

Слични содржини