Полицијата спречи терористички напад на југот на Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата спречи терористички напад подготвен од терористичката организација „ДАЕШ“ (забранета во Русија) во Москва и регионот Астрахан, објави Федералната служба за безбедност на Русија.

За време на апсењето, терористот во Астрахан пружил отпор и бил ликвидиран, додека другиот бил уапсен во Москва.

Ниту еден од членовите на ФСБ не е повреден во акцијата.

При претрес на просториите во кои престојувале терористите, пронајдено е автоматско оружје и муниција, граната „Ф-1“ и екстремистичка литература.

Поведена е кривична постапка.

Слични содржини