Полицијата во Хонг Конг планира да влезе во блокираниот универзитет

од Aleksandar Petrovski

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека планира да влезе во блокираниот универзитет за да ги исчисти опасните материи пред да ја укине 10-дневната опсада, откако тимовите за пребарување не пронајдоа докази дека демонстрантите се уште се таму.

Началникот на полициската област Хо Јун-синг рече дека тимови за заштита составени од експерти за отстранување експлозиви утре наутро ќе одат во Политехничкиот универзитет за да соберат докази и да ги отстранат резервите хемиски и опасни материи, вклучувајќи гасни бомби и корозивни течности.

Се додава дека одлуката е донесена откако тимовите за пребарување, дури и по два последователни дена од пребарувањето на кампусот во Хонг Конг, не пронашле докази дека демонстрантите се уште се таму.

Некои светски агенции јавија дека   вчера таму била пронајдена една млада жена во лоша состојба.

Слични содржини