Полицијата во Хонгконг го чува аеродромот после ноќ полна со насилство

од Vladimir Zorba

Полицијата во Хонгконг денеска зазеде позиции на главната железничка станица на патот кон аеродромот, за да ги спречи антивладините демонстранти повторно да го загрозат воздушниот сообраќај, после насилните улични судири изминатата ноќ.

Аеродромот веќе беше цел на демонстрантите кои го блокираа терминалот за пристигнувања, приодните ходници, палеа огнови на улиците во блискиот град Тунг Чунг и ја искршија тамошната метро станица.

Демонстрантите Хонгконг вчера запалија кинеско знаме, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Слични содржини