Полицијата во Минеаполис повеќе нема да може да го задушува приведениот

од Aleksandar Petrovski

Градскиот совет во Минеаполис донесе одлука за забрана на задушување на лице за време на полициско апсење, по убиството на Џорџ Флојд пред 10 дена, кога полицаец со колено му го притискаше вратот повеќе од осум минути.

Ограничена е и употребата на средства за разбивање демонстрации и побарана е поголема транспарентност во работата на полицијата.

– Ова е моментот кога можеме целосно да го промениме начинот на дејствување на полицијата“, рече градоначалникот Џејкоб Фреј, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека во минатото имало проблеми со воведување на вакви промени, но оти сега тие можат да се спроведат.

Слични содржини