Полицијатa запре снимање видео-спот на Мадона: Соседите се пожалиле на бучава (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Снимањето на спотот на Мадона со доминиканскиот рапер Токиша неочекувано било прекинато во понеделникот вечерта кога полицајците пристигнале во обид да го прекинат снимањето, ексклузивно дознава „Пејџ Сикс“.

Извор за магазинот изјавил дека пејачката ја снимала својата претстојна песна со Токиша, која всушност е ремикс на нејзиниот легендарен хит „Hung Up“, а звучниците на автомобилот што ја пуштаат музиката испуштале „ужасна бучава“ што очигледно вознемирило неколку соседи.

Њујоршката полиција ексклузивно потврдила за „Пејџ сикс“ во вторникот дека добиле неколку поплаки околу полноќ.

Сепак, портпаролот на полицијата истакнал дека Мадона потоа ја намалила музиката и снимањето не било прекинато.

Посебен извор, исто така, потврди за американскиот магазин дека Мадона, Токиша, танчерите и филмската екипа продолжиле да снимаат на друго место во затворен простор по заминувањето на полицијата.

На снимката до која дојде исклучиво Пејџ „Сикс“, Мадона може да се види како пее заедно со Токиша на нивната нова песна – веројатно моменти пред полицијата да го прекине снимањето. Видеото потоа беше објавено на Твитер.

Пејачката во спотот се појавува со долга, портокалова перика, во неонско зелена јакна, шорцеви, црн топ од тантела и кожени чизми до колена.

 

Слични содржини