Полициска „шкода“ се судри со „мерцедес“, повредени две лица од МВР

од Nikola Popovski

МВР информира дека двајца полицајци се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска на автопат на влез за Скопје, пред „клучката Ченто“.

Според полицијата, несреќата се случила помеѓу „мерцедес“, управуван од А.Ј.(60) од Скопје и „шкода јети“, сопственост на МВР.

Во незгодата со повреди се здобиле двајца полициски службеници, на кои им била укажана помош во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини