Полициски час и забрана за музика: Нови мерки во уште еден град на најголемиот грчки остров

од Stefanija Kuzmanovska

Грција вчера забележа значително зголемување на бројот на заразени, бидејќи во целата земја беа откриени 4.181 случаи. Тоа е за 1.586 повеќе отколку во понеделникот, кога беа регистрирани 2.595.

Вкупно 11 случаи беа откриени во вторникот за време на рутинско тестирање на туристи на границите на земјата, пренесува Greekreporter.

Нови мерки во Ираклион
Покрај тоа што е главен град на островот Крит, Ираклион е и четврти по големина во земјата.

Според изјавата на Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, во Ираклион ќе се применуваат построги мерки. Почнувајќи од среда во 6 часот наутро по локално време, до следниот вторник, 17 август, ќе важи полициски час.

Според соопштението, на сите што престојуваат во Ираклион, без разлика дали живеат во градот или се во туристичка посета, им е забрането да ги напуштаат своите куќи или сместување од 23 часот до 6 часот наутро следниот ден, по локално време.

Исклучок се луѓето што одат на работа или се враќаат, како и луѓето кои треба да побараат медицинска помош поради итни медицински состојби.

Освен тоа, музиката ќе биде забранета на сите јавни места во Ираклион.

Исто така, се забележува дека е забрането организирање приватни прослави, со повеќе од 20 луѓе во просториите, кои се наменети за тоа, а казните за непочитување се екстремно високи. Забраната се однесува на цела Грција, а предвидени се казни во износ од 50.000 до дури 200.000 евра.

Претходно овој месец, беа воведени ограничувања на островот Закинтос и во градот Ханија на Крит.

Слични содржини