Полицискиот час го прекршиле 46 лица, петорица од нив се пензионери

од Берта Китинска

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие:На територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале изјава за самоизолација.

Полициски час

Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека во два различни случаи, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во својот дом.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 46 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, од нив 5 лица на возраст над 67 години. Приведени се 17 лица, а за останатите лица се изготвени соодветни записници. Во државен карантин се спроведени 35 лица.

 

Слични содржини