Полицискиот час во некои населби не се почитува, МВР не реагира

од Берта Китинска
Фотографии и видеа на раздвижени граѓани низ Чаир за време на полицискиот час изминативе денови е честа слика која може да се види низ социјалните мрежи.И покрај бројните апели дека полицискиот час како и мерките мора да се почитуваат, граѓаните слободно се движат низ населбата.
Полицискиот час за претстојниот викенд кој е продолжен со два празника, според предлогот на Комисијата за заразни болести треба да почне в сабота во 19 часот и да заврши во 5 часот во вторник. Овој предлог Комисијата го достави вчера до Владата.
Причината, според министерот за здравство Венко Филипче, се должи на непочитувањето на мерките од страна на одредени граѓани, а зголемениот број новозаразени со Ковид-19 е поради настаните и семејните собири што се случувале изминатите денови. Надлежните сметаат дека со ваква ригорозна мерка ќе се постигне вистински ефект.
Во текот на изминатото деноноќие по однос на забраната за движење  евидентирано е дека на ниво на целата  држава 38 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 30 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.  Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 81 прекршок.
За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 210 лица им се издадени решенија за изолација, а седум лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што едно лице не ја почитувало мерката за изолација и самоизолација.

Слични содржини