Полициско возило удрило две девојки кои се возеле на мопеди

од Nikola Popovski

Од МВР известуваат дека вве девојчиња се здобиле со телесни повреди откако полициски возило удрило во мопедите на кои тие се возеле.

„Вчера во 13:15 часот на паркинг  кај ХЕЦ- Матка во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од О.М. (44) , враќајќи се наназад удрило во запрен мопед „Јиајуе“ со скопски регистарски ознаки, запрен од М.Ѓ.(22),  и запрен мопед „Јиајуе“ со скопски регистарски ознаки, запрен од С.Ѓ.(21), двајцата од Скопје. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле две сопатнички на мопедите, Е.П.(19) од Скопје и К.Б.(19) од Скопје, констатирани во болницата „8-ми Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје“, стои во билтенот на МВР.

Слични содржини