Полнети домати со урда

од desk2

Вкусно и декоративно предјадење.

Состојки
13-15 црвени ,(сливар)домати, околу 1 кгр
400-450гр солена урда
80гр потпечен сусам
2-3лажици кисела павлака
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче свежо мелен бибер
1 лажиче маслиново масло
чурек
магдонос
По желба може да се додаде ситно сецкана лута пиперка, толчени ореви, лукче….

Подготовка:

Прво на измиените домати им го одстрануваме делот кај дршката, односно рамно го сечиме.
Со помош на алатка или лажиче им ја одстрануваме срцевината.
На чиста кујнска крпа ги редиме со пресечениот дел надолу, односно да се исцеди вишокот на течност што ја содржат доматите.
Во еден сад ги соединуваме урдата, маслото, солта, биберот, сусамот и киселата павлака,
Со оваа смеса убаво го полниме секој домат.
Во еден мал сад ставаме чурек, и секое доматче по малку го декорираме со него.
Завршуваме со ливчиња магдонос.
Ги сервираме доматите во друштво со неколку вида убаво сирење, кашкавал… и секако добар аперитив./Мои рецепти

Слични содржини