Полнети шампињони во сос

од desk2

Фино кремасто и сочно јадење со печурки и пилешко месо …

Потребно е:
10-12 поголеми
 шампињони
300 г пилешки гради
200-250 гр ориз
1-2 лажици ајвар
150 мл слатка павлака (без шеќер)
сол, бибер
мелен сув зачин
2-3 лажици масло

Подготовка:
– Шампињоните измијте ги убаво и извадете им ги дршките.

– Во подлабок сад исецкајте ги дршките од шампињони, на коцки пилешките гради и додадете го измиениот ориз, ајвар и зачините по вкус. Убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

– Со оваа смеса полнете ги печурките.

– Полнетите печурки наредете ги на дното на една подлабока тава, но не една до друга туку оставете простор помеѓу нив.

– Остатокот од смесата распоредете ја меѓу шампињоните.

– На крај прелијте ги со вода скоро да се прекријат.

– Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути. Од време на време додавајте уште вода ако е потребно.

– Во еден сад на рингла загрејте ја слатката павлака и со неа прелијте ги шампињоните. Уште малку запечете ги и извадете ги од рерна за да се изладат.

– По желба во слатката павлака можете да додадете и малку рендан пармезан.

Слични содржини