Полнето совршенство од рерна: Селски компир со сланина и кајмак Рај за непцето!

од desk2

Вака приготвениот компир може да го јадете секој ден и нема да ви здодее

Потребни состојки:
компири по желба
свинска маст или путер за да го премачкате дното на плехот со дебел слој
неколку парчиња сланина
малку лимонов сок
малку кајмак (ако немате, може и крем-сирење)
1-2 чешниња лук
сечкан свеж магдонос
сол

Подготовка:

Ставете го компирот да се вари и оставете го да врие помалку од 10 минути. Ако е млад, доволно ќе му бидат и 5 минути.
Обилно премачкајте го плехот со маст или путер.
Не се препорачува да додавате масло, иако маслиновото масло може да го земете предвид.
Посолете ги компирите, поголемите исечете ги на два дела, наредете ги во плехот и покријте го секој со парче сланина.
Ставете ги во рерна загреана на 250 степени. Колку време ќе ви треба, зависи од големината на компирите, но ќе знаете дека се готови по кафеавата коричка.
Некаде при крајот на печењето, извадете ги од рерна и наросете ги со ситно сечкан лук.
Кога и лукот ќе пушти малку мирис, извадете го плехот, исцедете малку лимонов сок и наросете со магдонос.
Покријте ги компирите со кајмак кога ќе ги послужите.

Слични содржини