Полно комбе противпожарна опрема, австриските пожарникари го посетија Пехчево

од Берта Китинска

Доброволното противпожарно друштво Пехчево доби противпожарна опрема од австриските пожарникари.

-И официјално пристигна противпожарната опрема од нашите пријатели противпожарната единица на градот Петердорф, Австрија (единицата која лани учествуваше во гасењето на пожарите во општина Пехчево).За кои сакаме да им изразиме голема благодарност, па така во нивна чест првиот наш одред на волонтери пожарникари од ПДП Пехчево ќе го носи нивното име “Петердорф” , информираа од општина Пехчево.

Минатиот август австриските пожарникари беа на помош за големите пожари.

Слични содржини