ПОЛОШО ОД ХАОС: Пациентите умираат додека чекаат кревет, а Болсонаро одбива да воведе заклучување

од Stefanija Kuzmanovska

Бразил е на работ на катастрофа, бидејќи одделите за интензивна нега за ковид пациенти се полни, а претседателот Жаир Болсонаро одбива да воведе заклучување.

Здравствените работници ја опишуваат состојбата како застрашувачка, здравствениот систем на земјата е во најтешка криза во нејзината историја, а пациентите умираат додека чекаат кревет на интензивна нега, пишува „Гардијан“.

Бразил минатата недела постави нови рекорди по бројот на нови инфекции и смртни случаи од коронавирусот, а истражувачите од водечкиот бразилски институт за здравство „Фиокруз сметаат дека најголемата земја во Јужна Америка се соочи со невидена „катастрофа“.

Сепак, бразилскиот претседател продолжува да ја намалува опасноста од пандемија што однесе повеќе од 287.000 животи во таа земја, а Бразил е на второто место во светот според бројот на смртни случаи, по САД. Зголемувањето на бројот на заразени и мртви е делумно последица на ширењето на бразилската варијанта на корона, П1.

„Нашата состојба не е толку критична. Во споредба со другите земји, таа е прилично комотна“, рече Рикардо Барос, поддржувач на Болсонаро во долниот дом, во средата, кога во Бразил беа регистрирани 2.798 смртни случаи и рекордни 90.830 нови случаи на коронавирус .

Меѓутоа, лекарите во одделите за интензивна нега посочуваат дека ситуацијата е очајна и „полоша од хаос“. Некои од нив плачеа од истоштеност и очај додека се бореа да се грижат за голем број пациенти во сериозна состојба.

Во некои болници, поради недостаток на простор, пациентите се сместуваат во возилата за брза помош.

Слични содржини