Половина милијарда Apple уреди на мета на хакери поради досега непознат проблем?

од desk2

Израелската компанија Cellebrite им открила на корисниците на Apple уредите дека нашла начин да навлезат во било кој iPhone или iPad со било која верзија на iOS вклучувајќи ја и најновата, што се однесува на отприлика 1,4 милијарди уреди.

Cellebrite објави дека е можно да се изврши “целосно извлекување на системот за дадотеки на било кој iOS уред” и дека таа услуга е на продажба.

Предупредувањето од израелската компанија треба да се сфати сериозно, бидејќи американското FBI го ангажирал токму Cellebrite во 2016 година, кога требало да се отклучи iPhone 5c, кој припаѓал на терористот Сијад Ризван Фарук, кој во 2015 година го извршил нападот во Сан Бернандино./Denar

Слични содржини