Половина тон кокаин лебдеше во алжирските води

од Stefanija Kuzmanovska

По дојава од рибар, крајбрежната стража на Алжир заплени скоро половина тон кокаин кој спакуван пловел во водите на Медитеранот.

Крајбрежната стража во саботата пронајде и заплени 490 килограми кокаин спакувани во 442 пакувања кои лебдеа во морето, соопшти алжирското Министерство за одбрана, објави „Ројтерс“.

Ова е најголемата заплена од 2018 година, кога алжирските власти откриле 700 килограми кокаин на брод кој пренесувал месо од Бразил.

Алжирските власти објавија дека запленија повеќе од 25 тони канабис во првите четири месеци од оваа година и потврдија дека последната заплена на кокаин е под истрага.

Слични содржини