ПОЛСКА КОН ГЕРМАНИЈА: „Подготвени сме за „нестандардни акции“ доколку не испратите тенкови во Украина!“

од Vladimir Zorba

Заменик-министерот за надворешни работи на Полска, Павел Јаблонски, денеска изјави дека Варшава е подготвена да преземе „нестандардни“ акции доколку Германија се спротивстави на испраќање тенкови „Леопард“ во Украина, но не откри какви би биле тие акции.

– Мислам дека ако има силен отпор, ќе бидеме подготвени да преземеме дури и таква нестандардна акција… но да не ги предвидуваме фактите – рече Јаблонски, одговарајќи на прашањето „дали испраќање тенкови во Украина би било можно дури и ако Германија се противи“, за приватното радио RMF FM, цитирано од Ројтерс.

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави во вторникот на форумот во Давос дека полските власти планираат да соберат меѓународна коалиција на земји кои поседуваат тенкови „Леопард“ за да и предадат цела бригада од 100 од овие борбени возила на Украина.

Германија претходно во неколку наврати најави дека не планира да испрати тенкови Леопард во Украина.

Слични содржини