Полска не се согласува да дели гас со земјите од ЕУ: „Никој не знае каква ќе биде зимата што доаѓа“

од Stefanija Kuzmanovska

Полска не се согласува да дели гас со други земји од Европската унија, изјави полската министерка за клима и животна средина Ана Москва на прес-конференција.

– Утре во Брисел ќе има состанок посветен на енергетската безбедност, и најважно, на прашањето за гасот. Како што знаете, нашите магацини моментално се полни. Имаме безбедна залиха. Сите потреби се задоволени, за разлика од 11-те земји од Европската унија, кои денеска веќе воведоа рестрикции, рече таа.

Според неа, Полска не треба да воведува никакви ограничувања.

– Она што го предложи Европската комисија е нов механизам за гасна солидарност. Она што е неприфатливо во предлозите на Европската комисија е обидот да се наметнат задолжителни механизми за намалување, наведе Москва.

Според неа, државите не треба да се согласат на ваков чекор, бидејќи никој не знае каква ќе биде зимата што доаѓа. Смета дека во сегашната ситуација може да се разговара само за доброволни механизми или заштеди во одредени земји.

Слични содржини