Полските власти планираат да потпишат договор за купување на 32 воени авиони Ф-35 од САД до крајот на јануари, изјави денеска полскиот министер за одбрана, Мариуш Блаштак.

– Во суштина преговорите се затворени. Остануваат само некои незначителни процедурални прашања. Убеден сум дека до крајот на овој месец ќе склучиме договор со САД за купвање 32 борбени авиони Ф-35, најмодерни авиони во светот, изјави Блаштак.

Во септември, Американскиот Конгрес се согласи да и продаде на Полска 32 воени авиони Ф-35 за 6,5 милијарди долари.

Полските воздухопловни сили во моментов се вооружени со 27 авиони МиГ-29, како и со 48 авиони Ф-16 и 18 Су-22.

Слични содржини