Полска речиси целосно го забранува абортусот

од Vladimir Zorba

Уставниот суд на Полска пресуди дека абортусот поради неизлечив дефект на фетусот е нелегален, што речиси целосно забранува законско прекинување на бременоста.

Кога таа одлука ќе стапи на сила, абортусот ќе биде законски дозволен во Полска само доколку жена е силувана, ако е жртва на инцест или ако нејзината бременост е опасна по живот, објави Ројтерс.

Европскиот комесар за човекови права Дуња Мијатовиќ прва реагираше на ваквата одлука на Уставниот суд, велејќи дека ова е тажен ден за правата на жените.

„Укинувањето на основата за скоро сите легални абортуси во Полска е кршење на човековите права“, рече Мијатовиќ.

Минатата година во Полска беа извршени нешто повеќе од 1.000 абортуси, од кои 98% беа резултат на разни дефекти на фетусот.

Групите за правата на жените проценуваат дека меѓу 80.000 и 120.000 полски жени годишно одат во странство за да абортираат. Што е уште попоразително, тоа често го прават жени кои можат да го сторат тоа легално во Полска, бидејќи околината ги стигматизира.

Слични содржини