Полска се бори со највисоката стапка на инфлација во последните 27 години

од Vladimir Zorba

Годишната инфлација во Полска се забрза во февруари на највисоко ниво од 1996 година, покажуваат податоците објавени од националниот завод за статистика ГУС во средата.

Потрошувачките цени во февруари пораснале за 18,4 отсто, наспроти 16,6 отсто забележани во претходниот месец, пренесе „РT“.

Економистите предвидуваат дека најновиот скок ќе го означи врвот на тековниот циклус, но полските потрошувачи велат дека се борат да платат сметки и да купат основни намирници.

Бројките во февруари покажуваат дека е надминат претходниот врв од 19,7 отсто во октомври минатата година, при што цените на храната, транспортот и енергијата се зголемија најбрзо минатиот месец.

Цените на храната и безалкохолните пијалоци забележаа најзначаен годишен раст во февруари, со пораст од 27%, во споредба со 26,6% во јануари, додека трошоците за гориво за греење, вода и централно греење пораснаа, се вели во извештајот.

Полската економија забави во 2022 година поради високата инфлација и падот на потрошувачката предизвикана од конфликтот во соседна Украина и влијанието на санкциите врз Русија.

Слични содржини