Полски генерал ќе ја предводи мисијата на ЕУ за обука на украински војници

од Stefanija Kuzmanovska

Полскиот генерал Пјотр Тритек е назначен да ја води мисијата на Европската унија за обука на украинските војници, изјави денеска полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак.

Претходно овој месец, ЕУ постигна договор за формирање мисија за воена помош за поддршка на Украина (ЕУМАМ), која има за цел да ги зајакне воените капацитети на земјата.

„Полскиот офицер, генерал Пјотр Тритек ќе ја води меѓународната мисија за воена обука на украинската армија“, напиша Блашчак на Твитер.

Слични содржини