Полскиот амбасадор во Москва повикан на разговор

од Stefanija Kuzmanovska

Полскиот амбасадор во Москва беше поканет во руското Министерство за надворешни работи, изјави денеска полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау, пренесе полската новинска агенција ПАП.

„Што се однесува до нашите односи со Руската Федерација, знаеме дека полскиот амбасадор во Москва беше поканет да разговара со руското Министерство за надворешни работи“, рече Рау, пренесе „Ројтерс“.

Повикот дојде во време на зголемени тензии околу Украина.

Слични содржини