Полскиот премиер: Путин не е ниту Хитлер ниту Сталин, тој е поопасен

од Stefanija Kuzmanovska

Полскиот премиер Матеуш Моравјечки денеска оцени дека рускиот претседател е поопасен од Хитлер и Сталин и повика на искоренување на „монструозната идеологија на рускиот тиранин“, пренесува „Дејли мејл“.

„Путин не е ниту Хитлер ниту Сталин. За жал, тој е поопасен. Ако Европа не го спречи, Путин ќе ги одведе руските сили понатаму во Европа. Наше е да одлучиме каде ќе ја запреме Русија“, порачал полскиот премиер за „Телеграф“.

Според Моравјечки, Путин има арсенал на оружје што е „посмртоносен“ од оној на Хитлер и Сталин и додаде дека тој, покрај тоа, користи и интернет за да ја шири својата пропаганда.

Слични содржини