Полугола девојка втрча на машкиот слалом, а потоа се случи комична сцена (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Необична сцена се случи денеска на второто возење на машкиот слалом за Светскиот куп во скијање во австрискиот Шладминг.

Имено на целната рамнина втрча полугола девојка, која носеше натпис „RIP Коби“ во сеќавање на трагично починатиот кошаркар Коби Брајант, кој во неделата настрада во пад на хеликоптер.

Токму во моментот кога низ целта помина Италијанецот Алекс Винацер. Организаторите прво го пресметаа времето кога девојката мина низ целта така што имаше 50 стотинки предност. Винацер се радуваше, но потоа беше констатирано дека всушност имал 13 стотинки заостаток зад дотогаш водечкиот Клемент Ноел.

https://www.youtube.com/watch?v=9RxmiybrXrA

Слични содржини