Помага во спречување и на најтешките болести, а го има во секоја кујна…

од Vladimir Zorba

Луѓето често се поделени на оние кои обожаваат кафе и такви кои сакаат чај. Додека првите тврдат дека магичната црна течност им дава енергија и сила да го поминат денот, љубителите на добра шолја чај ќе ви кажат дека тоа ги смирува.

Меѓутоа, доколку некогаш сте се запрашале кои се здравствените придобивки од пиењето чај секој ден, ви го носиме одговорот што го баравте.

Добат за телото и душата

Судејќи според резултатите од една неодамнешна студија, шолја чај може да го намали стресот и да му помогне на вашето тело да се бори против настинката. Листовите од чајот содржат антиоксиданси кои помагаат да се отстранат штетните атоми од крвотокот и да се намалат отоците.

Д-р Тејлор Валас, еден од истражувачите, вели: „Овој корисен напиток е нешто што луѓето лесно можат да го вклучат во секојдневната рутина, со цел да ја подобрат исхраната и да обезбедат поздрав и подолг живот“.

Американската асоцијација за чај ги разгледа придобивките од соединенијата наречени флавоноиди од црниот, зелениот и билните чаеви. Тие го зајакнуваат имунолошкиот систем и му помагаат да се бори против бактериски или вирусни инфекции.

Друга студија спроведена во Австралија покажа дека луѓето кои пијат една до пет шолји чај дневно имаат помал ризик од деменција на долг рок, а во смисла на моментален ефект, овој топол пијалок може да го намали стресот и да ве направи повнимателни и фокусирани, кога се чувствувате уморни.

Ги лекува срцето и мозокот

Понатамошните студии покажаа дека една шолја чај дневно може да го намали ризикот од мозочен удар или срцеви заболувања за 4 отсто, а прераната смрт за 1,5 отсто. Експериментите покажуваат и дека флавоноидите можат да помогнат да се намали ризикот од некои цревни карциноми, пишува „Сан“.

Д-р Џефри Блумберг од Универзитетот Тафтс во Бостон вели: „Има се повеќе истражувања кои покажуваат дека чајот може да го подобри здравјето на луѓето на многу начини“.

Внимателно со топол чај

Сепак, друга студија предупредува дека пиењето топол чај може да го зголеми ризикот од рак на хранопроводникот. Студија објавена во 2019 година покажа дека луѓето кои консумираат исклучително топол чај се повеќе изложени на ризик од термички повреди.

Нивната анализа покажала дека овие луѓе се повеќе изложени на ризик од рак на хранопроводникот, доколку поминало помалку време помеѓу истурање на течноста од чајникот и пиењето чај.

Слични содржини