Помалку од 100 луѓе починаа од коронавирус во Франција во последните 24 часа

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа Франција регистрира 96 смртни случаи од коронавирусот, што е вкупно 27.625 смртни случаи од 1 март, а бројот на пациенти на реанимација продолжува да опаѓа, објави денеска Генералниот директорат за здравство.

Притисокот на службата за реанимација продолжува да се намалува со 71 пациент со КОВИД-19 помалку од претходниот ден, но 46 нови тешки случаи беа примени на реанимација во последните 24 часа, во споредба со 38 пред една недела, се вели во соопштението.

Од КОВИД-19 уби 17.412 луѓе во болници и 10.213 во домови за стари лица и други социјални институции.

Од почетокот на епидемијата, хоспитализирани се 98.449 лица, од кои скоро 17.500 се во реанимација, а 61.066 луѓе се опоравени.

Слични содржини