Поминаа во прва фаза Предлог-измените за Развојна банка, следен чекор е усвојување на пленарна седница

Денес на собраниската комисија за финансирање и буџер поминаа на Предлог-измените на Законот за Развојна банка, со кои треба да се операционализира гарантниот фонд, па сега се очекува усвојување на пленарната седница.

Гарантниот фонд за кој се обезбедени средства во висина од 10 милиони евра ќе функционира во рамки на Развојната банка, а целта е да се олесни пристапот до финансиски средства за микро, малите и средните претпријатија во услови на отежнато работење и намалени приходи и ликвидност поради пандемијата на Ковид 19.

„Со предложеното законско решение се формира гарантен фонд кој преку издавање на гаранција за веќе одобрени кредити од банки и штедилници ќе им помогне на микро, малите и средните претпријатија за напречено фунацирање на тековните активности и потреба од обртен капитал како и на издржани бизнис проекти за купување на основни средства. Гарантиниот фонд ќе се организира во рамки на Развојната банка која има изградено инфраструктура и стручен кадар. Средствата за отпочнување на гарантниот фонд во висина од 10 милиони евра се веќе обезбедени во Буџетот што значи со минимални трошоци за институциоинализација на фондот, тој ќе стане оперативен веднаш по неговото усвојување“, објасни заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет.

Инаку, со законското решение се овозможува Развојната банка по претходно добиено одобрение од Владата да формира фондови со средства за поддршка на развојот на македонското стопанство.

Меѓудругото, во текот на амандманската расправа беа прифатени четири амандмани од технички карактер, а опозицијата предложи амандман со кој се бараше зголемување на средствата во гарантниот фонд од 10 на 43 милиони евра, но беше одбиен со образложение дека средства веќе се обезбедени во Буџетот.

Комисијата денеска ги прифати во прво читање и предлог-измените на Законот за даночна постапка, Законот за регистрирање на готовински плаќање, Законот за придонеси од задолжително социјално осигирување и Законот за игрите на среќа.

Слични содржини