Поминал два милиони километри, автомобилот сè уште работи беспрекорно до ден-денес

од Radmila Tasevska

Новозеланѓанецот ја возел својата Toyota Corolla од 1993 година повеќе од два милиони километри – а автомобилот сè уште работи беспрекорно до ден-денес.

Грем Хебли (72) истакна дека ја достигнал границата од 2 милиони во март оваа година и верува дека неговиот автомобил веројатно „ќе работи вечно“.

Тој го купил автомобилот во 2000 година кога Королата имала само 80.000 километри на часовникот. Бидејќи работи како доставувач на весници од 1968 година, брзо ја акумулирал километражата на Тојотата. Шест дена во неделата патувал од Велингтон до Њу Плимут, на Северниот остров во земјата. Тоа патување во еден правец трае четири часа и 45 минути, пишува Јутарњи.

Неговата Toyota Corolla, која сè уште го има оригиналниот мотор и менувачот, вози речиси 5.000 километри секоја работна недела. За да ги држи работите под контрола, г. Хебли го сервисира својот автомобил во Guthrie’s Auto Care на секои две недели. Механичарот Џон Шерман го потврди рекордот по долгогодишно сервисирање на Corolla.

„Да не работев на неа, немаше да верувам. Нема шанси да верувам дека може да стигне два милиони без нешто да тргне наопаку“, изјави тој за New Zealand Herald. Џон Шерман ја припишува импресивната бројка на часовникот на доверливоста на постарите возила на Тојота, честите сервиси и постојаното одржување на г. Хеблеја.

Тој тврдеше дека никогаш не видел ништо блиску до километражата на Корола, потсетувајќи дека најблиску бил автомобил кој поминал 700.000 километри. „Но, ништо вакво. Во целата моја кариера, тоа е најмногу што сум видел“, рече тој. Г-дин Хебли сè уште патува низ Новозеландскиот Северен Остров секоја недела, додавајќи дека не планира да престане да вози наскоро. „Во овој момент верувам дека Corolla може да ме надживее.

Слични содржини